ОРАЛНО ЗДРАВЈЕ

Светската Дентална Федерација (FDI) го дефинира оралното здравје како повеќестрано кое вклучува способност за зборување, насмевнување, вкус, допир, џвакање, голтање и пренесување на низа емоции преку изрази на лицето со самодоверба и без болка, непријатност и болест на краниофацијалниот комплекс. Оваа дефиниција ја подигнува свеста за различните димензии на оралното здравје и потенцира дека оралното здравје не се јавува изолирано, туку е вградено во пошироката рамка на целокупното здравје.

Усната празнина е прозорец за здравјето на вашето тело. Во неа може да се појават знаци кои укажуваат на недостатоци во исхраната или општа инфекција. Системските заболувања, оние кои влијаат на целото тело, прво можат да станат очигледни поради лезии кои се јавуваат во устата или поради други орални проблеми.

Без разлика дали сте 80 или 8 години, важно е вашето орално здравје. Некои луѓе не успеваат да одат на стоматолог секоја година, иако редовните стоматолошки прегледи и добрата орална хигиена можат да ги спречат повеќето орални/дентални заболувања. Многу луѓе веруваат дека треба да посетат стоматолог само ако имаат болка или мислат дека нешто не е во ред, но редовните посети на стоматолог можат да придонесат за добро орално здравје во текот на целиот живот. Ако имате болка во забите, не се откажувајте од тоа да одите на стоматолог. Со многуте напредоци во стоматологијата, дијагнозата и третманот се пософистицирани и поудобни од кога било.

Не заборавајте да закажувате редовни прегледи за да го заржите здравото орално и општо здравје.

Опсег на услуги

Таа ги разгледува сите аспекти од вашиот орален статус и вашата забна состојба. Станува збор за стоматолошка проценка која што е најдобра за Вас. Уште при првата посета заедно ќе се запознаеме со вашиот проблем, желби, идеи и очекувања. Потоа темелно ќе ја провериме вашата медицинска и стоматолошка историја, обрнувајќи внимание на актуелната здравствена состојба. Во оваа посета се обрнува големо внимание на проценката на Вашата оралната хигиена, а потоа, и совети за нејзино правилно одржување. Анализата на денталниот статус се комплетира со панорамска РТГ снимка која се користи за испитување на други структури освен на забите, вклучувајќи ги вилиците, синусите и виличните зглобови.

Прегледот на состојбата на забно-потпорните ткива (пародонт) е од суштинско значење за понатамошниот след на чекори кој ќе овозможи да ги зачувате вашите заби. Пародонталниот преглед вклучува голем број на испитувања евидентирани со индекси кои ни помагаат прецизно да ја поставиме дијагнозата, одредиме прогнозата и понатамошниот третман. Раното откривање на знаците за болест резултира со поедноставна терапија и можност заболувањето целосно да се стави под контрола. Ниту една реставрација („пломба”, “навлака”, “фасета”) или вграден имплант нема да бидат долгорочно успешни во усна празнина со заболени непца и забно-потпорен апарат (пародонциум).

Практицирањето на добра орална хигиена секогаш подразбира четкање на забите два пати на ден користејќи флуорирана паста за заби, и еднаш дневно чистење помеѓу забите со конец и/или интердентална четкичка. Четката за заби се заменува на секои три или четири месеци. Не заборавајте да се консултирате со Вашиот стоматолог за да закажете редовни прегледи.

За повеќе информации посетете го www.perioshop.mk

Видеа

Закажете термин