Итни случаи и нега при повреди

Без оглед дали е неподнослива забоболка или имате повреден заб, Клиниката за итни случаи и нега при повреди при EDG – Клиниките за орално здравје ви е на располагање 365 дена во годината.

Забоболката не знае за работно време. Воспалениот заб исто боли и за викенди и на празници, а може да биде и повреден. Во Клиниката за итни случаи и нега при повреди ви стоиме на расоилагање секој работен ден и за викенди и за празници. Промените за работното време може да се најдат на почетната страница. Ова најмногу се однесува на празниците околу Божик и Нова година. За оптимални резултати, важно е пациентите да дојдат во нашата клиника најрано што можат.

Преглед на услуги
-третман на акутна болка
-нега на заб при повреда
-нега на скршена или падната протеза
-компликации при стоматолошки третман

Правилно однесување по стоматолошка повреда
-Останете смирени! Постои голема веројатност дека забот може да ви биде спасен ако се однесувате правилно.
-Ве молиме обидете се веднаш да бидете прегледани во EDG – Клиниките за орално здравје или кај вашиот стоматолог.
-Колку е покусо времето меѓу повредата и прегледот, толку се поголеми шансите за заздравување.

[layerslider id=”2″ /]