ТРЕНИНГ ПРОГРАМА

Добредојдовте во тренинг програмата на EDG групацијата наменета за практична обука на стоматолози и забни техничари, како и спонзорирање на бесплатни стоматолошки услуги за пациенти.

Кандидатите кои ќе бидат учесници во тренинг програмата на EDG групацијата и ќе одговорат со сите нивни капацитети на научно знаење и практична работа ќе им биде понуден договор за вработување или самовработување (франшиза). ВАЖНО: програмата се одвива еден-на-еден или групно – од 5 до 8 учесници!

За повеќе информации кликнете на соодветните линкови…

Поединечно (еден-на-еден)

Почитувани колеги,

Тренинг програмата на EDG Групацијата опфаќа теоретски и практични вежби со кои лично се стекнувате со научни сознанија и практични вештини од различни области на стоматологијата.

Со одбирање на линковите подолу одберете го полето на Ваш интерес:

Овој курс опфаќа теоретска и практична обука на стоматологот за комплетна 3D CBCT ртг дијагностика.

Цели:
– теоретско запознавање со моќни 3D РТГ софтвери
– запознавање со FOV, различни 3D пресеци и нивно читање
– лоцирање и одбележување на витални места
– виртуелно планирање (импланти и синус лифт)
– волуменско и термичко мерење на шуплини и коска
– ТМЗ
– сегментна томографија
– орто и ендо модули

Часови:
Курсот е еднодневен и се состои од теоретска и лична практична обука преку обработка на различни 3D CBCT ртг снимки.

Што да очекувате од овој курс:
По овој интензивен тренинг се стекнувате со комплетно практично знаење од областа на современата 3D ртг дијагностиката со што сами ќе можете прецизно и точно да дијагностицирате, анализирате и планирате случаеви, предмет на третман во Вашата клиника.

Место на одвивање на курсот:
3D.РТГ Центар, бул. Илинден, 160 локал 9, Скопје

Контакт:
Централа 02/6090990 локал 3 или 075/425435, Е-пошта: contact@3dcentar.mk, г-дин Стефан Јанкуловски – генерален менаџер на EDG Групацијата

Начин на плаќање:
Уплатата се врши по издадена про-фактура пред започнување на курсот.
За овој курс, запишаните магистранти на ПНИ Академија за естетска стоматологија добиваат попуст од 10%

Слободни дати:
Предмет на договор / Јануари – Декември

Времетраење:
Еднодневна посета.

Бонус:
Со учествување на овој курс Ви следуваат:
– 3 х 2D панорамски и 1 х 3D CBCT сегментна ртг снимка
– 3 месечна онлајн поддршка во врска со клинички случаи од вашата секојдневнa пракса
– пакет производи од палетата на Megasmile спонзорирани од 3D.РТГ Центарот и OP Shop.

Пријави се на формата подолу.

    Изберете курс за кој сте заинтересирани

    Овој курс опфаќа теоретска и практична обука на стоматологот за ласери во стоматологијата, работа со диодни и Er.Yag ласер, техники на лекување на пародонтопатии, орална хигиена и инструкции.

    Цели:
    – теоретско запознавање и практични вежби на модели
    – практична работа со ласери врз пациент
    – паро-третман протокол ПТП
    – комплетен менаџмент на пациентот, од почеток до крај

    Часови:
    Курсот се состои од теоретска и лична практична обука преку работа на пациент во живо, од почеток до крај.

    Што да очекувате од овој курс:
    По овој интензивен тренинг Вие се стекнувате со комплетно теоретско и практично знаење од областа на ласерската стоматологија и пародонтологија. Научените техники веднаш можете да ги примените во Вашата клиника и да им понудите на пациентите нови методи на лекување и третмани од модерната сеопфатна стоматологија.

    Место на одвивање на курсот:
    – 3D.РТГ Центар, бул. Илинден, 160 локал 9, Скопје – 1 дел (теорија)
    – Клиники на ЕДГ Групација во Гевгелија – 2 дел (практична работа)

    Контакт:
    Централа 02/6090990 локал 3 или 075/425435, Е-пошта: contact@3dcentar.mk, г-дин Стефан Јанкуловски – генерален менаџер на EDG Групацијата

    Начин на плаќање:
    Уплатата се врши по издадена про-фактура пред започнување на курсот.
    За овој курс, запишаните магистранти на ПНИ Академија за естетска стоматологија добиваат попуст од 5%

    Слободни дати:
    Предмет на договор / Јануари – Декември

    Времетраење:
    1 ден теоретска и практична обука и 3 дена клиничка посета.

    Бонус:
    – Со учествување на овој курс Ви следуваат:
    – 3 х 2D панорамски и 1 х 3D CBCT сегментна ртг снимка
    – ПТП водич и паро-пасош
    – пакет производи од палетата на Megasmile спонзорирани од 3D.РТГ Центарот и OP Shop.

    Пријави се на формата подолу.

      Изберете курс за кој сте заинтересирани

      Овој курс опфаќа теоретска и практична обука на стоматологот за мануелна и дигитална имплантологија.

      Цели:
      – теоретско запознавање и практични вежби на модели
      – комплетна 3D рендгенологија
      – дигитално и виртуелно планирање на имплантолошки водич
      – типови на сутури и практични вежби за истите
      – практично поставување на импланти на модели и пациент/и

      Часови:
      Курсот се состои од теоретска и лична практична обука преку работа на пациент во живо, од почеток до крај.

      Што да очекувате од овој курс:
      По овој интензивен тренинг Вие се стекнувате со комплетно теоретско и практично знаење од областа на имплантологијата. Научените техники веднаш можете да ги примените во Вашата клиника и да им понудите на пациентите реконструкции кои досега не сте ги работеле.

      Место на одвивање на курсот:
      – 3D.РТГ Центар, бул. Илинден, 160 локал 9, Скопје – 1 дел (теорија)
      – Клиники на ЕДГ Групација во Гевгелија – 2 дел (практична работа)

      Контакт:
      Централа 02/6090990 локал 3 или 075/425435, Е-пошта: contact@3dcentar.mk, г-дин Стефан Јанкуловски – генерален менаџер на EDG Групацијата

      Нивоа на курсеви:

      ПОЧЕТНО НИВО 1 – теорија + практична работа на модели + учество во живо со гледање
      ПОЧЕТНО НИВО 2 – теорија + практична работа на модели + учество во живо со гледање + имплантирање во живо на пациент 10 импланти (индивидуални или поврзани со едностран мост)

      СРЕДНО НИВО – теорија + практична работа на модели + учество во клиничко имплантирање + имплантирање во живо на пациент 10 импланти (индивидуални, поврзани со едностран мост, се-на-4 или се-на-6)

      НАПРЕДНО НИВО – теорија + практична работа на модели + учество во живо со гледање + имплантирање во живо на пациент 10 импланти + GBR техники со вградување на биоматеријал (индивидуални, поврзани со едностран мост, се-на-4 или се-на-6, коскено аугментирање, ORA/AID)

      ДИГИТАЛНА ИМПЛАНТОЛОГИЈА – теорија + практична работа на модели + имплантирање во живо на пациент 3 импланти

      Начин на плаќање:
      Уплатата се врши по издадена про-фактура пред започнување на курсот. За овој курс, запишаните магистранти на ПНИ Академија за естетска стоматологија добиваат попуст од 5%

      Слободни дати:
      Предмет на договор / Јануари – Декември

      Времетраење:
      Во зависност од нивото кое ќе го одберете, практичниот дел се состои од неколку дневни клинички посети, 1-3 месеци. Исклучок е почетно ниво 1 кое вклучува 1 ден теоретска и практична обука и 2 дена клиничка посета.

      Бонус:
      Со учествување на овој курс Ви следуваат:
      – 3 х 2D панорамски и 1 х 3D CBCT сегментна ртг снимка
      – 10 Dynamix HEX импланти + 10 прави абатменти + 1 базичен сет од CORTEX DENTAL IMPLANTS (не важи за почетно ниво 1 и за дигитална имплантологија)
      – 1 кутија BondApatite од Augma Biomaterials + 1 кутија леплив заштитен завој ORA/AID (за напредно ниво)
      – пакет производи од палетата на Megasmile спонзорирани од 3D.РТГ Центарот и OP Shop.

      Пријави се на формата подолу.

        Изберете курс за кој сте заинтересирани

        Овој курс опфаќа теоретска и практична обука на стоматологот за дигитална фотографија, DSD, техники на препарација во протетика, дигитално отпечатување и дизајн.

        Цели:
        – основни концепти на дигитално дизајнирање на насмевката (DSD), теоретско запознавање
        – Дигитална фотографија
        – Теоретско и практично запознавање со интраорални скенери
        – Техники на интраорално скенирање

        Часови:
        Курсот е еднодневен и се состои од лична практична работа на пациент во живо, од почеток до крај.

        Што да очекувате од овој курс:
        По овој интензивен тренинг Вие се стекнувате со комплетно теоретско и практично знаење од областа на дигиталната стоматологија.

        Место на одвивање на курсот:
        Клиники на ЕДГ Групација во Гевгелија

        Контакт:
        Централа 02/6090990 локал 3 или 075/425435, Е-пошта: contact@3dcentar.mk, г-дин Стефан Јанкуловски – генерален менаџер на EDG Групацијата

        Модули:

        МОДУЛ 1 – Протокол за фотографирање и видео (интервју на пациент), DSD протокол, презентација за интраорално скенирање, tips and tricks за земање прецизен дигитален отпечаток, различни техники на скенирање, скенирање на работни модели, земање дигитален отпечаток од коронки/мостови на пациент, земање дигитален отпечаток од импланти на пациент;

        МОДУЛ 2 – Техники на препарација за коронки и мостови, менаџмент на меко ткиво, земање дигитален отпечаток на пациент, 3D CAD, CAM и 3D ПРИНТ, поставување времени заби, проба и цементирање на протетски конструкции во уста на пациентот.

        Начин на плаќање:
        Уплатата се врши по издадена про-фактура пред започнување на курсот. За овој курс, запишаните магистранти на ПНИ Академија за естетска стоматологија добиваат попуст од 5%.

        Слободни дати:
        Предмет на договор / Јануари – Декември

        Времетраење:
        1 ден интензивна теоретска и практична обука

        Бонус:
        Со учествување на овој курс Ви следуваат:
        – 3 х 2D панорамски и 1 х 3D CBCT сегментна ртг снимка
        – пакет производи од палетата на Megasmile спонзорирани од 3D.РТГ Центарот и OP Shop.

        Пријави се на формата подолу.

          Изберете курс за кој сте заинтересирани

          Овој курс опфаќа интензивна теоретска и практична обука на стоматологот за дигитално ендо планирање, поставување на ендо дијагноза, работа со магнификација, поставување на кофердам, обработка на коренските канали со ротирачки и реципрочни инструменти, дезинфекција на каналното пространство и обтуративни техники на коренските канали.

          Цели:
          − Теоретско запознавање и практични вежби на модели
          – Сегментна 3D рендгенологија
          – Препарација на пристапен кавитет
          – Детекција на коренските канали
          – Механичка обработка на каналите (ротирачки/реципрочни)
          – Хемиска обработка (иригација)
          – Подготовка на каналите за обтурација
          – Обтурација на каналите со топла гутаперка
          – Дискусија во врска со пост ендодонтската реставрација

          Часови:
          Курсевите се состојат од интензивна теоретска и лична практична обука, поделени на ПОЧЕТНО и НАПРЕДНО НИВО, од почеток до крај.

          Што да очекувате од овој курс:
          По овој интензивен тренинг Вие се стекнувате со комплетно практично знаење од областа на сеопфатната ендодонција. Научените техники веднаш можете да ги примените во Вашата клиника и да им понудите на пациентите нови методи на лекување и ре-третмани од модерната ендодонција.

          Место на одвивање на курсот:
          Клиники на ЕДГ Групација во Гевгелија

          Контакт:
          Централа 02/6090990 локал 3 или 075/425435, Е-пошта: contact@3dcentar.mk, г-дин Стефан Јанкуловски – генерален менаџер на EDG Групацијата

          Начин на плаќање:
          Уплатата се врши по издадена про-фактура пред започнување на курсот.
          За овој курс, запишаните магистранти на ПНИ Академија за естетска стоматологија добиваат попуст од 5%.

          Слободни дати:
          Предмет на договор / Јануари – Декември

          Времетраење:
          1 ден интензивна теоретска и практична обука

          Бонус:
          Со учествување на овој курс Ви следуваат:
          – 3 х 2D панорамски и 1 х 3D CBCT сегментна ртг снимка
          – пакет ендо интрументи (рачни и машински) од палетата на Dental Perfect и 3 месечна онлајн поддршка во врска со клинички случаи од вашата секојдневнa пракса.
          – пакет производи од палетата на Megasmile спонзорирани од 3D.РТГ Центарот и OP Shop

          Пријави се на формата подолу.

            Изберете курс за кој сте заинтересирани

            Почитувани колеги,

            Тренинг програмата на EDG Групацијата опфаќа теоретски и практични вежби со кои лично се стекнувате со научни сознанија и практични вештини од различни области на забната техника.

            Со одбирање на линковите подолу одберете го полето на Ваш интерес:

            Овој курс опфаќа практична обука на забниот техничар за комплетно запознавање на CAD/CAM и 3D ПРИНТ процесите.

            Цели:
            – теоретско запознавање и практично работење со моќни 3D CAD, CAM и 3D ПРИНТ софтвери
            – протетика врз заби и импланти
            – изработка на хируршки водич
            – работење со 3D принтери

            Часови:
            Курсот е 3-дневен и се состои од теоретска и лична практична обука преку работа во живо.

            Што да очекувате од овој курс:
            По овој интензивен тренинг се стекнувате со комплетно практично знаење од областа на CAD/CAM и 3D процесот за работа со што сами ќе можете анализирате и планирате случаеви, предмет на третман во Вашата забна техника.

            Место на одвивање на курсот:
            Лаборатории на twinslab во Струмица и Гевгелија

            Контакт:
            Централа 02/6090990 локал 3 или 075/425435, Е-пошта: contact@3dcentar.mk, г-дин Стефан Јанкуловски – генерален менаџер на EDG Групацијата

            Начин на плаќање:
            Уплатата се врши по издадена про-фактура пред започнување на курсот.

            Слободни дати:
            Предмет на договор / Јануари – Декември

            Времетраење:
            Неделна посета.

            Бонус:
            Со учествување на овој курс Ви следуваат:
            -пакет производи од палетата на Megasmile спонзорирани од 3D.РТГ Центарот и OP Shop.

            Пријави се на формата подолу.

              Изберете курс за кој сте заинтересирани

              Овој курс опфаќа практична обука на забниот техничар на се во врска со керамика врз метал и цирконија.

              Цели:
              – протетика врз заби и импланти
              – техники на моделација за цирконија во CAD и изрежана
              – инлеи и онлеи
              – гингива керамика и боење на цирконија

              Часови:
              Курсот е 2-дневен и се состои од теоретска и лична практична обука преку работа во живо.

              Што да очекувате од овој курс:
              По овој интензивен тренинг се стекнувате со комплетно практично знаење од областа на CAD/CAM и 3D процесот за работа со што сами ќе можете да анализирате и да планирате случаеви, предмет на третман во Вашата забна техника.

              Место на одвивање на курсот:
              Лаборатории на twinslab во Струмица и Гевгелија

              Контакт:
              Централа 02/6090990 локал 3 или 075/425435, Е-пошта: contact@3dcentar.mk, г-дин Стефан Јанкуловски – генерален менаџер на EDG Групацијата

              Начин на плаќање:
              Уплатата се врши по издадена про-фактура пред започнување на курсот.

              Слободни дати:
              Предмет на договор / Јануари – Декември

              Времетраење:
              Неделна посета.

              Бонус:
              Со учествување на овој курс Ви следуваат:
              -пакет производи од палетата на Megasmile спонзорирани од 3D.РТГ Центарот и OP Shop.

              Пријави се на формата подолу.

                Изберете курс за кој сте заинтересирани

                Овој курс опфаќа практична обука на забниот техничар на се во врска со индивидуално карактеризирање на мобилните протези.

                Цели:
                – запознавање со техниката и материјалите за карактеризација
                – техники на нанесување и обработка на мобилните протези
                – финиширање, полирање и глазирање

                Часови:
                Курсот е 1-дневен и се состои од теоретска и лична практична обука преку работа во живо.

                Што да очекувате од овој курс:
                По овој интензивен тренинг се стекнувате со комплетно практично знаење од областа на CAD/CAM и 3D процесот за работа со што сами ќе можете анализирате и планирате случаеви, предмет на третман во Вашата забна техника.

                Место на одвивање на курсот:
                Лаборатории на twinslab во Струмица и Гевгелија

                Контакт:
                Централа 02/6090990 локал 3 или 075/425435, Е-пошта: contact@3dcentar.mk, г-дин Стефан Јанкуловски – генерален менаџер на EDG Групацијата

                Начин на плаќање:
                Уплатата се врши по издадена про-фактура пред започнување на курсот.

                Слободни дати:
                Предмет на договор / Јануари – Декември

                Времетраење:
                Неделна посета.

                Бонус:
                Со учествување на овој курс Ви следуваат:
                – пакет производи од палетата на Megasmile спонзорирани од 3D.РТГ Центарот и OP Shop.

                Пријави се на формата подолу.

                  Изберете курс за кој сте заинтересирани

                  Почитувани,

                  За првпат кај нас и само во клиниките на EDG групацијата можете да добиете стоматолошки услуги кои можеби за некој од Вас се доста скапи и недостапни, а се однесуваат на стоматолошки третмани поврзани со рехабилитација, делумна или целосна реконструкција на забалата и вилиците. Ова значи дека целиот Ваш третман (лекување на заби, протетски надоместоци, импланти, вградување на биоматеријали итн.) ќе биде направен БЕСПЛАТНО, а истиот ќе биде придонес кон стоматолошката наука и пракса.

                  Доколку мислите дека сте кандидат за СПОНЗОРИРАЊЕ пополнете ја формата подолу и аплицирајте…

                    Ви благодариме!

                    Групно (5 – 8 учесници)

                    НАСКОРО!!!

                    Во соработка со |

                    Во соработка со