ТРЕТМАН НА СЕНЗИТИВНИ ЗАБИ

Што претставува преосетливост на дентинот?

Чувствителните заби навистина можат да го променат вашиот животен стил и да ви го одземат задоволството од уживање во сладолед, ладни пијалаци и други задоволства. Чувствителност на забот се манифестира при внесување ладни или топли пијалаци и храна, изложување на забите на ладен воздух, во случај на оштетени нерви или разни орални болести.

Постојат неколку пасти за чувствителни заби и стоматолошки третмани како бондирање и залевање кои можат значително да помогнат, но нивниот ефект може да биде привремен. Ако страдате од долготрајна чувствителност на забите, умерена или преголема, треба да размислите за модерни решенија на третман како што е ласерската терапија.

Евтин и конзервативен начин за лекување на здодевното чувствително место е со употреба на забен ласер. За само неколку минути поминати со ласер над чувствителната област ќе се намали или ќе се елиминира изворот на непријатност, во повеќето случаи, и за неколку години. За третманот не е потребна никаква анестезија, а ефектите веднаш се чувствуваат. Кога се нанесува на дентинот и пулпата, ласерот го поттиснува потенцијалот на нервните влакна.

LiteTouch е најдобриот избор од групата ербиум ласери за намалување на чувствителноста, бидејќи ја топи површината на забот со што ги блокира денталните тубули и ја елиминира чувствителноста на подолг период.

Јавете ни се денес!

Повеќе информации на

Закажете термин