ОРАЛНО ЗДРАВЈЕ
Светската Дентална Федерација (FDI) го дефинира оралното здравје како повеќестрано кое вклучува способност за зборување, насмевнување, вкус, допир, џвакање, голтање и пренесување на низа емоции преку изрази на лицето со самодоверба и без болка, непријатност и болест на краниофацијалниот комплекс. Оваа дефиниција ја подигнува свеста за различните димензии на оралното здравје и потенцира дека оралното здравје не се јавува изолирано, туку е вградено во пошироката рамка на целокупното здравје.
Усната празнина е прозорец за здравјето на вашето тело. Во неа може да се појават знаци кои укажуваат на недостатоци во исхраната или општа инфекција. Системските заболувања, оние кои влијаат на целото тело, прво можат да станат очигледни поради лезии кои се јавуваат во устата или поради други орални проблеми.
Без разлика дали сте 80 или 8 години, важно е вашето орално здравје. Некои луѓе не успеваат да одат на стоматолог секоја година, иако редовните стоматолошки прегледи и добрата орална хигиена можат да ги спречат повеќето орални/дентални заболувања. Многу луѓе веруваат дека треба да посетат стоматолог само ако имаат болка или мислат дека нешто не е во ред, но редовните посети на стоматолог можат да придонесат за добро орално здравје во текот на целиот живот. Ако имате болка во забите, не се откажувајте од тоа да одите на стоматолог. Со многуте напредоци во стоматологијата, дијагнозата и третманот се пософистицирани и поудобни од кога било.
Не заборавајте да закажувате редовни прегледи за да го заржите здравото орално и општо здравје.