БИОМАТЕРИЈАЛИ

Дали Ви претстои стоматолошка процедура со надградување на коска?
Дали би сакале повеќе да дознаете за тоа?

Почитувани,
Доколку сте кандидат за дентални импланти или одреден третман на непцата кои бараат надградување на коска или коскена аугментација, најдете ги за важни информации дадени подолу.

ТРИ ЕДНОСТАВНИ ЧЕКОРИ

СЕ АПЛИЦИРА
материјалот на потребното место

СЕ ПРИТИСНУВА
цврсто и се држи 3 секунди

СЕ ЗАТВОРА
со преклопување, без употреба на мембрана

Тоа е процедура која има цел да корeгира недостаток или дефект на коската кај пациентот. Оваа корекција може да се направи користејќи коска од пациентот или со специфични материјали т.н. „коскени супститути“.

Нетретираната пародонтална болест, вадењето заб, траумата и други воспаленија предизвикуваат коскено разградување. Како резултат на тоа губитокот на коска може да се појави и околу постоечки заб. Во таков случај, потребно е ние да изведеме процедура на коскена надградба околу забот за да ја подобриме неговата интеграција.

Дополнително, процедури на коскено надградување се потребни и во беззабни предели, за да се аплицират импланти, а потоа и коронки. Со правилна аугментација, можно е да се обезбеди и квалитетна коска и количество доволно за  успешно имплантирање и да се добијат подобрени естетски резултати.

Да поедноставиме. Замислете го денталниот имплант како шраф кој треба да биде зашрафен во ѕид. Како и шрафот, доколку имплантот нема место каде да се  прицврсти, во тој случај ќе нема доволно коска да го поддржи и нема добро да се интегрира.

Токму поради тоа потребен е коскен супститут. Стимулира коскен раст со пополнување на пределите каде што нема коска или е дефицитарна. Улогата на коскениот супститут е да биде платформа или скеле со што ќе се дозволи коската да се гради во предел каде има коскен губиток, во период од неколку месеци.

Исходот ќе зависи од специфичниот коскен супститут користен во аугментацијата и ќе резултира со: или коскениот супститут ќе остане на аугментираното место не ресорбиран за одредено време или ќе настане апсорбција и исчезнување на коскениот супститут и симултано ќе се замени со вистинска биолошка коска. Овој процес на апсорбција, исчезнување и замена се вика коскена регенерација.

Постојат повеќе типови коскени супститути, вклучувајќи коскени супститути од хумано потекло (човечки кадавери, одбележани од специјални банки), од различно животинско потекло или синтетички материјали произведени во специјални лаборатории на вештачки начин и не се од живо потекло. Bond Apatite™ и 3D Bond™ се коскени супститути произведени во Augma Biomaterials и се базирани на двофазен калциум сулфат.

Овој минерал целосно се ресорбира и се заменува со сопствена биолошка коска. Материјалот игра улога на скеле за градење на нова коска и комплетно исчезнува при процесот на коскено градење. Ова резултира со одлична коскена регенерација која е слична на употребата од автогена коска, но без дополнителни хируршки процедури и несакани ефекти.

Третманот на коскена аугментација трае 45-90 минути и се прави во стоматолошката клиника. Периодот на првично заздравување е околу 2 недели, а целосната коскена регенерација, т.е. за да оцврсне коската се потребни 3-6 месеци. Во случај на подигнување на синусниот под или аугментирање на поголем коскен дефект се чека и подолго.

Во такви случаи потребното време на чекање е најмалку 5-6 месеци. Времето за заздравување зависи и од типот на употребениот коскен супститут, комплексноста на процедурата и локацијата на трансплантантот во устата (горна или долна вилица).

Калциум сулфатот е природен минерал кој се употребува како коскен супститут. Во  медицината се употребува веќе 120 години и тоа во: oртопедијата, пластичната хирургија, оралната и максилофацијалната хирургија и е еден од најтемелно истражуваните и документирани супстанции.

Калциум сулфатот е познат по одличните својства како коскен супститут и поттикнувач на коскена формација. За време на заздравувањето материјалот се ресорбира и целосно се заменува со сопствена биолошка коска на пациентот, без да остави било какви остатоци од него.

МЕМБРАНАТА Е НЕПОТРЕБНА

МИНИМАЛНО ИНВАНЗИВНИ ХИРУРШКИ ПРОТОКОЛИ

НАМАЛЕНО ВРЕМЕ ПРИ ТРЕТМАНОТ

Видеа

Закажете термин