ТРЕНИНГ ПРОГРАМА ЗА СТОМАТОЛОЗИ И ЗА ЗАБНИ ТЕХНИЧАРИ

Добредојдовте во тренинг програмата на EDG групацијата наменета за практична обука на стоматолози и забни техничари.

Кандидатите кои ќе бидат учесници во тренинг програмата на EDG групацијата и ќе одговорат со сите нивни капацитети на научно знаење и практична работа ќе им биде понуден договор за вработување или самовработување (франшиза). ВАЖНО: програмата се одвива еден-на-еден или групно – од 5 до 10 учесници!

За повеќе информации кликнете на соодветните линкови…

Поединечно (еден-на-еден)

Почитувани колеги,

Тренинг програмата на EDG Групацијата опфаќа теоретски и практични вежби со кои лично се стекнувате со научни сознанија и практични вештини од различни области на стоматологијата.

Со одбирање на линковите подолу одберете го полето на Ваш интерес:

[insert page=’za-stomatolozi’ display=’content’]

Почитувани колеги,

Тренинг програмата на EDG Групацијата опфаќа теоретски и практични вежби со кои лично се стекнувате со научни сознанија и практични вештини од различни области на забната техника.

Со одбирање на линковите подолу одберете го полето на Ваш интерес:

[insert page=’za-tehnicari’ display=’content’]

Групно (5 – 10 учесници)

Овој курс опфаќа обука на стоматологот или забниот техничар за економски водена стоматологија или т.н. дентален менаџмент.

Водител на курсот:
Д-р Томе Тасевски – PhD DDS Perio & Implant specialist, MBA, Laser Dentist

Цели:
– планирање на проект, буџетирање и финансирање.
– запознавање со менаџмент и човечки ресурси.
– запознавање со социјална психологија и емоционална интелигенција.
– запознавање со брендирање, маркетинг и франшиза.
– запознавање што е производ, а што услуга.
– гаранција на услуги и производи.
– дигитализација и операционализација на стоматолошката клиника и/или лабораторија.
– комуникација и координација.
– запознавање со статистика и дата аналитика.
– начини на одредување на месечен надоместок на вработен.

Што да очекувате од овој курс:
По овој интензивен тренинг се стекнувате со комплетно знаење и вештини од областа на економски водена стоматологија. Научените знаења веднаш можете да ги имплементирате во Вашата клиника и да се позиционирате на пазарот на еден поинаков и оригинален начин.

Ниво на курсот:
Ден 1 – теорија и практична работа со компјутерски програми.

Цена:
Ден 1 – 60.000 денари.

Учесници:
5 учесници.

Начин на плаќање:
Уплатата се врши пред започнување на курсот. За овој курс учесниците се стекнуваат со -10% попуст на палета материјали од веледрогеријата OP Shop.

Дати:
Март / Април / Мај / Октомври / Ноември – секоја четврта недела од посочениот месец.

Времетраење:
Курсот се одвива во Сабота, 9 – 18 часот.

Место на одвивање на курсот:
– 3D.РТГ Центар, бул. Илинден, 160 локал 9, Скопје

Контакт:
Централа 02/6090990 локал 3 или 075/425435, Е-пошта: contact@3dcentar.mk или
Д-р Марио Јурхар – drmariojurhar@3dcentar.mk или
Д-р Деспина Величковска – drdespinavelickovska@3dcentar.mk .

Пријави се на формата подолу.

    Изберете курс за кој сте заинтересирани


    НАСКОРО!!!

    Овој курс опфаќа теоретска и практична обука на стоматологот за мануелна и дигитална имплантологија.

    Водители на курсот:
    Д-р Томе Тасевски – PhD DDS Perio & Implant specialist, MBA, Laser Dentist
    Д-р Мартин Крмзов – MSc, DDS, Implantologist
    Д-р Марио Јурхар – DDS, 3D CBCT Diagnostic Specialist
    Д-р Деспина Величковска – DDS, 3D CBCT Diagnostic Specialist

    Цели:
    – теоретско запознавање и практични вежби на модели
    – комплетна 3D рендгенологија
    – дигитално и виртуелно планирање на имплантолошки водич
    – ергономија на работно поле
    – типови на сутури и практични вежби за истите
    – практично поставување на импланти на модели и пациент/и

    Што да очекувате од овој курс:
    По овој интензивен тренинг се стекнувате со комплетно теоретско и практично знаење од областа на базична/напредна/мастер имплантологија. Научените техники веднаш можете да ги примените во Вашата клиника и да им понудите на пациентите реконструкции кои досега не сте ги работеле.

    Нивоа на курсот:
    СЕОПФАТНА ИМПЛАНТОЛОГИЈА (теорија + практична работа на модели + учество во живо со гледање + имплантирање во живо на пациент + коскено аугментирање со BondApatite, апликација на заштитен завој ORA/AID + методи за изработка на протетска супраструктура (дигитални и аналогни начини на отпечатување)
    *** За работа во живо секој учесник мора да обезбеди свој пациент. Имплантите и целокупниот материјален трошок со вклучени протетски компоненти се поддржани и платени од наша страна.

    Ден 1 – теорија + практична работа на модели + сутурирање
    Ден 2 – имплантирање во живо на пациент + коскено аугментирање со BondApatite, апликација на заштитен завој ORA/AID
    Ден 3 – протетика врз импланти (теорија + практична работа)

    Цена:
    Ден 1 – 30.000 денари
    Ден 1 + 2 – 90.000 денари
    Ден 1+2+3 – 120.000 денари

    Учесници:
    Ден 1 – 10 учесници
    Ден 1+ 2 – 5 учесници
    Ден 1+2+3 – 5 учесници

    Начин на плаќање:
    Уплатата се врши пред започнување на курсот. За овој курс за корисниците на Cortex импланти се одобрува -10% од веледрогеријата OP Shop (не е опфатен пакетот со 10 импланти).

    Дати:
    Март / Април / Мај / Октомври / Ноември – секоја втора недела од посочениот месец.

    Времетраење:
    Курсот се одвива во деновите Петок, Сабота и Недела, 9 – 18 часот.

    Место на одвивање на курсот:
    – 3D.РТГ Центар, бул. Илинден, 160 локал 9, Скопје – 1 ден (теорија)
    – Клиники и лаборатории на ЕДГ Групација во Гевгелија – 2 и 3 ден (практична работа)
    *** Транспортот од Скопје до Гевгелија и назад (за учесниците и пациентите) е платен и обезбеден од наша страна.

    Контакт:
    Централа 02/6090990 локал 3 или 075/425435, Е-пошта: contact@3dcentar.mk или
    Д-р Марио Јурхар – drmariojurhar@3dcentar.mk или
    Д-р Деспина Величковска – drdespinavelickovska@3dcentar.mk .

    Поддржано од:
    Euronda, Vatech, Cortex Dental Implants, Augma, ORA/AID, Megasmile, Kettenbach, Upcera.

    Пријави се на формата подолу.

      Изберете курс за кој сте заинтересирани


      Овој курс опфаќа теоретска и практична обука на стоматологот за дигитална фотографија, DSD, техники на препарација во протетика, дигитално отпечатување и дизајн.

      Водители на курсот:
      Д-р Дарко Стаменковски – DDS, DSD Master
      Д-р Томе Каркалашев – DDS, Cosmetic Dentist
      Д-р Томе Тасевски – PhD DDS Perio & Implant specialist, MBA, Laser Dentist
      Д-р Марио Јурхар – DDS, 3D CBCT Diagnostic Specialist
      Д-р Деспина Величковска – DDS, 3D CBCT Diagnostic Specialist

      Цели:
      – основни концепти на дигитално дизајнирање на насмевката (DSD), теоретско запознавање
      – дигитална фотографија
      – комплетна 3D рендгенологија
      – техники на препарација и протокол по д-р Томе Тасевски / Dendia
      – теоретско и практично запознавање со интраорални скенери и 3D принтери
      – техники на интраорално скенирање
      – конвенционално и дигитално отпечатување

      Што да очекувате од овој курс:
      По овој интензивен тренинг се стекнувате со комплетно теоретско и практично знаење од областа на дигитално водена протетика. Научените техники веднаш можете да ги примените во Вашата клиника и да им понудите на пациентите реконструкции кои досега не сте ги работеле.

      Нивоа на курсот:
      СЕОПФАТНА ДИГИТАЛНА ПРОТЕТИКА (теорија + практична работа на модели + учество во живо со гледање + протетска реконструкција во живо на пациент).
      *** За работа во живо секој учесник мора да обезбеди свој пациент. Целокупниот материјален трошок со вклучена протетска изработка се поддржани и платени од наша страна.

      Ден 1 – Протокол за фотографирање и видео (интервју на пациент), DSD протокол, презентација за интраорално скенирање, tips and tricks за земање прецизен дигитален отпечаток, различни техники на скенирање, скенирање на работни модели, земање дигитален отпечаток од коронки/мостови на пациент, земање дигитален отпечаток од импланти на пациент,

      Ден 2 – Практична работа со пациенти во живо, техники на препарација за коронки и мостови, менаџмент на меко ткиво, земање дигитален отпечаток на пациент, 3D CAD/CAM и 3D ПРИНТ,
      поставување времени заби (тест коронки).

      Цена:
      Ден 1 – 45.000 денари
      Ден 1+2 – 90.000 денари

      Учесници:
      Ден 1 – 10 учесници
      Ден 1+2 – 5 учесници

      Начин на плаќање:
      Уплатата се врши пред започнување на курсот. За овој курс за корисниците на Kettenbach производите се одобрува -10% од веледрогеријата OP Shop.

      Дати:
      Март / Април / Мај / Октомври / Ноември – секоја трета недела од посочениот месец.

      Времетраење:
      Курсот се одвива во деновите Сабота и Недела, 9 – 18 часот.

      Место на одвивање на курсот:
      – 3D.РТГ Центар, бул. Илинден, 160 локал 9, Скопје – 1 ден (теорија)
      – Клиники и лаборатории на ЕДГ Групација во Гевгелија – 2 ден (практична работа)
      *** Транспортот од Скопје до Гевгелија и назад (за учесниците и пациентите) е платен и обезбеден од наша страна.

      Контакт:
      Централа 02/6090990 локал 3 или 075/425435, Е-пошта: contact@3dcentar.mk или
      Д-р Марио Јурхар – drmariojurhar@3dcentar.mk или
      Д-р Деспина Величковска – drdespinavelickovska@3dcentar.mk .

      Бонус:
      Презентација на програмата на e-CAD центарот за дигитална стоматологија и изработка на гратис протетски конструкции за пациентите.

      Поддржано од:
      Euronda, Vatech, Dendia, Megasmile, Kettenbach, Upcera, Microlay, MACK4D.

      Пријави се на формата подолу.

        Изберете курс за кој сте заинтересирани


        Во соработка со |

        Во соработка со